
Реконструкцијата на киносалата во Делчево ќе се изврши со финансиска поддршка на Министерството за култура …
Минатата година киното во Делчево доби нов дигитален проектор, со што по подолг период се овозможи обновување на кино дејноста во овој град, како дел од проектот на Владата на РМ и Министерството за култура за набавка на нова дигитална опрема за киносалите во повеќе градови во земјава,
Делчево со самата реконструкција на објектот на киното ќе добие нов современ простор кој освен за презентација на филмовите од богатата македонска и светска кинематографска продукција ќе се користи и за други културни настани.
Реализацијата ќе се одвива во неколку фази , а ќе биде извршена реконструкција и санација на објектот, како и комплетна реконструкција на покривната конструкција, на внатрешните простории на киносалата, а исто така ќе биде обновена и фасадата.