
Кинескиот актер Џет Ли и јавно потврди дека боледува од хипертиреоза, поради што постојано мора да прима терапија.
Херојот во многубројни акциони филмови, познат по кунг фу вештините, објави детали од својата здравствена состојба за време на една емисија. Тој додаде дека значително се здебелил поради лековите кои ги прима поради прекумерната активност на неговата тироидна жлезда..
„Дебел сум, не можам да ослабам. Тоа е факт. Јас сум обичен човек, не сум херој како тие кои ги глумев на филмското платно. Имам болки“, изјави тој. Дијагнозата му била поставена во 2010 година, од кога и редовно прима терапија.
Она што најмногу го погодува, вели тој, е што најверојатно нема да може да продолжи да снима филмови, но одлучен е да научи да се справува со болеста и повторно да го видиме на филмското платно.
Извор: Mojatv.mk