
Во тематски парк во Кина, ќе се гради реплика на бродот Титаник, во природна големина…
Во бродот ќе има отворено и музеј како и симулатор, со цеч посетителите лично да го доживеат неговото тонење, исто како во 1912 година.
Тој ќе биде отворен во 2016 година, а истиот ќе чини 165 милиони долари.
-Мислам дека е вредно да се шири духот на Титаник. Универзалната љубов и чувството на одговорност покажани за време на несреќата на Титаник претставуваат духовно богатство на човечката цивилизација, изјави Шу Шаојун, извршен директор на „Севн Стар Енерџи“, група која го финансира проектот изјави дека на Азија и е потребен музеј на Титаник.
Извор: Sky.mk