kajmakoski1

Даниел Кајмаковски, момчето кое ги воодушеви и жирито и публиката во Х фактор уште со својот прв настап, па се до сега, кога е на пола пат од финалето, се пожали дека Македонија никогаш не му дала поддршка во желбата и намерата да се бави со музика, пренесува Вистина.мк.

Вели дека тој отсекогаш бил вљубен во музиката, и дека и покрај лошите моменти понекогаш, никогаш не се откажал од неа. Пробал на различни начини, во различни земји. Во 2009 година Македонија не му дала поддршка, од што тотално се разочарал и сфатил дека среќата и успехот не бидуваат со сила, па се посветил на работата во градежништвото. Многу се плашел да се врати на сцената, се додека неговиот пријател Антонио не го пријавил за Х Фактор, а балканската публика му пружила безрезервна поддршка.

Ако му дозволат продуцентите на Х Фактор, многу би сакал да ги испее Ој девојче, девојче.

Извор: Think.mk