Некогаш популарниот цртан филм “Калимеро” наскоро ќе биде емитуван во 3Д издание…

1005937-kalimero-3d

Познатиот цртан јунак Калимеро кој неодамна го прослави својот 50-ти роден, се враќа на тв-екраните во нова “Д анимирана серија.

Иако сеуште се шета со лушпа од јајце на главата, жалејќи се дека се е „нема правда“ на овој свет, Калимеро сепак многу се променил. Во духот на новото време повеќе не се препушта на меланхолијата, туку работите ги зема во свои раце и наоѓа решение.

Инаку овој популарен лик настанал во 1963 година за потребите на една реклама, станувало збор за прашок за перење, симптоматичното пиле 11.години подоцна стана јунак на популарниот цртан филм кој се прикажуваше низ цел свет.

Новата серија е настаната во италијанско-француско-јапонска продукција, има 106 епизоди и траат по 11 минути.

Извор: Plusinfo.mk