Apple и Samsung се двата најголеми ривали и конкуренти на пазарот на смартфони и таблет компјутери. Овие две компании се единствените производители кои прават сериозен профит од продажбата на мобилна технологија.

samsung_apple

Иако Apple ја почна револуцијата со паметните телефони, Samsung многу бргу потоа фати чекор, иако тоа на почетокот значеше „позајмување идеи“ од поуспешната американска компанија.

Ова се некои од начините на кои Samsung го копираше Apple на почетокот:

– Апликацијата за снимање на глас која е дел од Galaxy S2 изгледа речиси идентично со онаа на iPhone

– Каблите на првиот Galaxy Tab изгледаат речиси идентично со оние што доаѓаа со iPad. Сепак, корејската компанија многу брзо се насочи кон користење на стандардни USB полначи кај своите таблет компјутери

– Пакувањето во кое доаѓаше таблетот на Sаmsung, беше исклучително слично со она на моделот на Apple

– Оригиналниот Samsung Galaxy S изгледа како близнак на iPhone

– Samsung се обиде да направи неколку продавници кои изгледаат речиси идентично со познатите Apple продавници, а има и обучени продавачи кои слично како и „генијалците“ што работат во Apple Store можат да помогнат со совети при купување таблет, смартфон или било кој друг гаџет.

Како и да е, Samsung со актуелниот Galaxy S4 постави нови стандарди, нешто што Apple ќе треба да се потруди за да го достигне со следната генерација на својот смартфон.

Извор: GSM.mk