
Како што велат легендите, овој празникот потекнува од Римското царство.
Наиме, во Римското царство имало закон кој ги ограничува војниците и не им дозволува тие да се женат, бидејќи се мислело дека доколку тие формираат семејство, наместо да одат во војна, тие би останале дома заедно со нив.
Законот ги ограничил и свештениците на кои не им било дозволено ни под секоја цена да венчаат војник.
Сите свештеници го почитувале овој закон освен свештеникот Валентајн, кој тајно ги венчал заљубените војници и сметал дека љубовта не треба да се оспорува.
По неколку венчавки тој бил фатен, и осуден на смртта казна, а погубен е на 14-ти февруари. Овој свештеник народот го прифатил како светец, и до ден денес ширум светот му се оддава чест.
Извор: Think.mk