Доколку не се согласуваме со партнерот околу некоја за двајцата важна работа потребно е да се изнесе на виделина и да се разговара за неа…

parovi-kavgi-vrska-2_resize

Сепак, во повеќето случаи расправиите и кавгите меѓу партнерите се потполно непотребни и се појавуваат од погрешни причини.

Поради тоа следниот пат кога ќе почувствувате дека е кавга на повидок смирете се малку, аставете време за размислување, бидејки за кавга никогаш не е доцна. А после жестока кавга често знае да биде доцна за размислување.

Би морале во предвид да ги земете своите чувства, на партнерот, па пред кавга, исто така да размислите дали вреди предметот за кавга.

Додека размислувате за себе би морале да одговорите на неколку важни прашања.

Не реагирате ли претерано поради замор или стрес?

Често знае да се случи на работа или некаде на друго место да не налутила некоја личност, а се истресуваме на друга, во овој случај партнерот. Можеби лутината ја предизвикало нешто или некој друг, а партнерот ни е само при рака?

Дали сте можеби во воопштен период на криза? Постои ли некоја хормонална причина поради која сте претерано чувствителни и лесно е да ве изиритираат?

Освен своите чувства би требало да се запрашате и за состојбата на партнерот. Поставете исти прашања како на себеси и за него. Но не гласно и немојте него да го прашувате. Само размислете.

Дали партнерот реагира претерано само поради тоа што е под голем стрес или е уморен?

Знаете ли ако е можеби лут на нешто или на некој друг?

Можеби тој се наоѓа во изразено емотивен период и дали влијаат на него можеби некои хормонални промени.

Ако и понатаму мислите дека предметот за кавга вреди за гласни зборови или оптужувања обидете се да размислите уште за некои прашања.

Се чувствувате ли повредено поради тоа што партнерот можеби кажал нешто поради кое навистина се чувствувате виновни, а не сакате да признаете?

Се карате ли од едноставна причина бидејки не сакате да признаете дека сте погрешиле и да кажете дека ви е жал?

Му приговарате ли на партнерот за нешто што веќе порано сте ветиле дека ќе му простите?

Дали сте сигурни дека навистина проблемот толку ви пречи и дека не можете да поминете преку тоа?

Дали сте сигурни дека е мачи токму тоа околу што се карате, а некој друг проблем?

Сакате ли да го решите проблемот или се карате за да го истакнете?