Најпопуларната социјална мрежа целосно го смени начинот на комуникација со пријателите, па има луѓе кои се радуваат на големиот број лајкови и се потресуваат кога некој ќе ги избрише од листата на пријатели.
Досега беше прилично тешко да се следи кој од пријателите стиснал Unfriend, но вредните програмери направија додаток за Chrome и Firefox кој откако ќе го инсталирате ќе ви покаже колку пријатели сте загубиле и кој биле тие што ве избришале од пријателите.
Се што треба да направите е да симнете додатокот за вашиот прелистувач и да ја инсталирате надградбата.
Потоа логирајте се во својот Facebook профил и влезете во делот Friends во главното мени. Таму ќе ви се покаже нова категорија Lost Friends преку која ќе може да дознаете кој се дрзнал да го раскине Facebook пријателството со вас.
Извор: GSM.mk