Дочекот на Новата година помина, но нашиот организам и понатаму трпи последици настанати поради големата количина храна и пијалак кои сме ги внеле во организмот. Прочитајте неколку совети како да го исчистите својот организам…

zena torta

Пијте многу вода, бидејќи тоа ќе ви помогне побрзо да ги отстраните токсините од телото кои се задржуваат во организмот. Покрај вода, зелениот чај е ефикасен против отровите, па пијте најмалку една чаша чај дневно.

Внесот на витамин Ц е од најголема важност кога станува збор за детоксикација на телото. Овој витамин се наоѓа во лимонот, а експертите препорачуваат денот да го започнете со чаша свежо исцеден лимон разреден со топла вода, без шеќер. Оваа чудотворна чаша ќе го забрза варењето и секако добро влијае на црниот дроб и на целото тело.

Се разбира, ова не е доволно доколку сакаме да го чистиме телото од токсини, исто така треба да бидеме и физички активни. По неколку дена одмор, време е да почнете да вежбате. Пробајте нови вежби или спорт со кој никогаш не сте се занимавале. Можеби јогата кај нас не е толку популарна како некој друг вид физичка активност, но секако е добра за детоксикација на организмот. Покрај тоа што ќе ви помогне да се испотите и од своето тело да ги елиминирате токсините, јогата помага и да го смирите својот ум, што добро ќе ви дојде после сите овие празнични метежи.

Потењето е одличен начин да ги отстранете од телото вишокот калории и отрови, кои се задржале за време на празниците.

Вклучете здрава храна во вашата исхрана. Јадете овошје и зеленчук секој ден, во оброците вметнете житарки, пченка, ориз , рж , просо … Обидете се да го намалите внесувањето на слатки и да ги замените со поздрава опција – овошје, а понекогаш може да додадете малку шлаг и да уживате во овошна салата.

Послужете се со мал трик – Изберете храна или некои слатки кои многу ги сакате, а сте свесни дека воопшто не е здраво и целосно отстранете го од вашето мени. Се разбира, тоа не е лесно, но освен што нема дополнително ќе внесувате токсини во вашето тело, овој предизвик е одлична можност да ја тестирате вашата желба.