Времето во Македонија денеска ќе биде умерено до значително облачно, со повеќе сончеви периоди ќе има во првата половина од денот.

oblacno

По одделни котлини ќе се задржи магливо и ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во текот на ноќта, пак, ќе биде доста студено.

Утринската температура се движеше од -9 до -2 Целзиусови степена, а дневната ќе изнесува од 2 до 9 степени.

Во Скопје слично време со температура до 4 степени.