
Според последните истражувања, мажите кои најдобро поминуваат кај жените не се ниту убави, ниту богати, туку се пред сè високи…
Изгледа дека височината кај мажите е од пресудно значење кога флертот и заведувањето се во прашање. Жените сакаат крупни мажи кои се барем за една глава повисоки од нив, бидејќи тоа, судејќи по сите одговори на жените, ги асоцира на маженственост и сила која еден маж мора да ја поседува.
Истражувањето кое неодамна го работеше британската веб страница за запознавање, „AYI“, покажа дека жените најпрво обрнуваат внимание на високите мажи, додека на пониските мажи им обрнуваат значително помалку внимание.
Се чини дека „Господинот Совршен“ не се одликува со убавина, успешност и богатство, туку на првото место е височината која на припадничките на понежниот пол очигледно им делува како магнет.
Студијата истражувала околу 80 илјади интеракции кои се случувале на страницата „AYI“ и истражувачите дошле до сознание дека високите мажи имаат многу поголеми шанси некоја жена да контактира со нив, во однос на другите кои не ја имале таа среќа доволно да пораснат.
Идеалната височина според мислењето на многу жени е 180 сантиметри и таквите мажи имаат 33 проценти поголеми шанси да ги „фатат“ дамите во однос на мажите кои се пониски. Мажите пониски од 170 сантиметри имаат дури 70 проценти помали шанси да запознаат или да бидат некоја жена, како во виртуелниот, така и во реалниот свет.
Истражувањата кои се работени порано во соработка со многу парови покажале дека мажите се дури во 93 проценти од случаите повисоки од жените, а тоа се објаснува со фактот дека покрупните мажи едноставно оддаваат впечаток на сила, јачина, а со самото тоа и сигурност во очите на жената.