За многу жени е незамисливо да излезат од дома без шминка, но новата студија покажува дека без шминка се многу попривлечни за мажите, бидејќи делуваат поприродно и посвежо…

thumb

Психологот Алекс Џоунс од Универзитетот Бангор кажува дека луѓето сè попозитивно реагираат на фотографии од жени со малку шминка. Неговото истражување е објавено во „Quarterly Journal of Experimental Psychology“, а се заснова на акцијата #NoMakeUpSelfie во кое жените поставуваат свои фотографии без шминка.

Исто така, со оваа акција се собрани еден милион фунти за борба против ракот, а направено е и истражување какви жени се најпривлечни за мажите.

Заклучокот од ова истражување е дека мажите сакаат кога жените имаат 40% помалку шминка отколку вообичаено. Спротивно на тоа, жените мислат дека се поубави ако ставаат многу шминка. Дури и мажите на кои жените им се поубави без шминка сметаат дека за другите мажи тие ќе бидат попривлечни ако имаат шминка.

Така всушност и двата пола се во заблуда, а самите жени во студијата изјавиле дека без шминка изгледаат посвежо и поздраво. Џоунс нагласува дека сега жените можат да имаат повеќе самодоверба и да се осудат да носат помалку шминка, со оглед на општото мислење дека така се многу поубави.