Најевтино гориво на Балканот се продава во Босна и Херцеговина. Таму литар „евросупер 95“ чини 1,17 евро, додека литар дизел-гориво чини 1,22 евро, објавува „Дневник“.
Македонија е втора на листата – кај нас „евросуперот 95“ чини 1,26 евра за литар, а дизелот е уште поевтин – литар се продава за 1,12 евра.
Во Србија, цената на дериватите на бензинските пумпи е околу 1,33 евро за литар евросупер и 1,35 евро за литар евродизел. Од почетокот на 2014 година, горивата во Србија се поскапени поради зголемената акциза, а допрва треба да се пресметаат и трошоците за обврската за обележување на дериватите, мерка што важи од овој месец и се проценува дека ќе ја зголеми цената за 0,30 динари за литар.
Според српските медиуми, заради повисоките цени на горивото кај нив, српските граѓани кои живеат во пограничните појаси почнале редовно да ги полнат своите резервоари во Македонија и во Босна и Херцеговина.
Извор: Faktor.mk