
И во Делчево се одржа ждребување со кое политичките партии добиија свои места за лепење на плакати за претстојните избори во април…
Денеска под покровителство на општина Делчево, партиите кои ќе учествуваат на претстедателските избори извршија жребување за местата, каде што ќе ги лепат партиските плакати и се заложија за фер кампања и избори во кои ќе ја нема познатата тензична борба меѓу партиите кој повеќе плакати ќе залепи или ќе скини.
Местото на четири локации има и за кандидатот за претстедател на ДПА, иако немаше нивни претставник денеска. Но, освен, да ги лепат партиите имаат обврска и да ги тргнат плакатите и тоа 30 дена по завршувањето на изборите.
Веднаш после ждребувањето и одредувањето на местата за лепењето на плакати , истите веднаш беа обележени и подготвени за лепење.
Инаку, партиите ученсици на изборите во Делчево денеска имаа поединечна средба со претставници од ОБСЕ со кои се разговарало за предизборниот период во Делчево и за условите за фер и демократска кампања.