
Партиското тело на ДПА попладнево во Тетово одлучи партијата да има кандидат на претстојните претседателски избори, јави „24 Вести“…
Од ДПА велат дека мотив плус се игрите, како што велат, меѓу коалициските партнери.
Сепак, од партијата на Мендух Тачи не откриваат на што се должи промената на ставот, затоа што партискиот лидер во изминатиот период истакна дека не го интересираат претседателските избори.
Телевизијата коментира оти можно е Тачи да се премислил поради сè поизвесната одлука на ДУИ да ги бојкотира изборите за шеф на државата, за да си отвори пат за пазарење по првиот круг на претседателските избори на 13 април и пред сè поизвесните парламентарни избори во вториот круг претседателските избори на 27 април.