Државна лотарија на Македонија од утре ќе поставува истурени пунктови низ Македонија за наградната игра „Фискална во рака – награди без мака“, во кои граѓаните ќе можат да ги оставаат ковертите со фискални сметки за учество…

fiskalna-na-raka500Пунктовите ќе собираат сметки еден ден и тоа од 10 до 16 часот:

11 февруари Велес – продажно место ЛОТО 77

12 февруари Штип – продажно место ТУТУН ПРОМ

13 февруари во Кочани – продажно место АНАФИЛ

14 февруари во Струмица – продажно место ВАТКОС

15 февруари во Гевгелија – продажно место МОНТЕ МК

16 февруари во Кавадарци – продажно место СИГМА

17 февруари во Прилеп – продажно место ТОБАКО ПЛУС

18 февруари во Битола – продажно место ВАГАБОНД

19 февруари во Охрид – продажно место ПРАГМА

20 февруари во Струга – продажно место КИКИ ТВИНС

21 февруари во Кичево – продажно место АНДРОКО

22 февруари во Гостивар – продажно место ЈОТОН

23 февруари во Тетово – продажно место БАРТОН

Во Скопје секој ден ќе функционираат три истурени пунктови на наградната игра – на улица „Македонија“ пред Толлакс – продажно место на Државна Лотарија, во „Техномаркет“ – Сити Галери и во зградата на МРТВ.

Следното извлекување во наградната игра ќе биде на 24 февруари, а главната награда е автомобил Сеат Ибица. Ќе бидат доделени и 150 вредносни ваучери од 1.000 до 60.000 денари.

Право да учествуваат имаат сите граѓани кои ќе испратат 20 фискални сметки со датум од 15.11.2013 наваму. Сметките треба да се стават во стандарден бел коверт и да се испратат до Државна Лотарија на Македонија со назнака за „Фискална во рака – награди без мака“.

Извор: Faktor.mk