Македонските граѓани најмногу имаат доверба во Армијата, верските заедници и претседателот. Најмалку им веруваат на судиите и на политичките партии, покажа анкетата што ја спроведе Центарот за истражување и креирање политики во текот на февруари.

skopje_makedonija

Според истражувањето, дури 67 проценти од испитаниците се изјасниле дека веруваат во Армијата, 60 проценти имаат доверба во верските заедници и лидер, 54% – во Претседателот на Република Македонија, 49% – во полицијата и 43% во Владата на Република Македонија.

Само 24 проценти од граѓаните веруваат во политичките партии, 32 проценти во судството, а 40 проценти во ЕУ и медиумите.

Најголема доверба од политичките лидери ужива претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски за кого се изјасниле 42 проценти од анкетираните, а по него следуваат Лилјана Поповска и Стевчо Јакимовски со 23 проценти и Андреј Жерновски со 19 проценти. За лидерот на најголемата опозициска партија Зоран Заев се изјасниле 14 проценти од испитаниците, а по него се Али Ахмети со 12 проценти, Мендух Тачи со 9 проценти и Љупчо Зиков со 7 проценти, покажало испитувањето.

Истражувањето е спроведено преку телефонска анкета врз репрезентативен примерок од 1.584 испитаници во периодот од 8 до 13 февруари.

Извор: Faktor.mk