
Ништо не е вообичаено ако за годишнина на бракот посакате секс со партнерот, но во поново време на некои двојки не им е доволно тоа да биде само интимно доживување…
Таквите луѓе се почесто повикуваат професионални фотографи и сниматели со камера за да го овековечат нивниот сексуален однос во слични „свечени прилики“.
Американската брачна двојка Констанс Фоул и Ерик Вогел се професионални фотографи кои од новата мода на снимање на персонализирана порнографија направиле исплатлива работа. Луѓето се повеќе бараат начини да ја избегнат монотонијата и својата врска да ја зачинат со нешто ново, па така работа има на претек, а клиентите им плаќаат по 4.000 долари да ги снимаат за време на сексот.
Како што раскажале во емисијата „Најтлајн“ на телевизијата „Еј-би-си“, пристапот на работата им е таква што Ерик „сака да снима нешто секси“, додека Констанс води сметка се да биде изведено уметнички и со вкус. Кога станува збор за типот на луѓе кои сакаат на ваков начин да ја овековечат својата интима, правила нема.
Некои од нив се повтроно родени христијани, други се припадници од алтернативната култура, со тетоважи и со пирсинзи, додека пак некои трети кои имале рак и се уште закрепнуваат од него.
Двајца сниматели мислат дека овие последни снимки се посебно трогателни. Што се однесува на желбата луѓето на ваков начин да ги забележат своите моменти на интимност, Констанс и Ерик сметаат дека тоа го претставува само дел од нивната желба без прекин да снимаат се што им се случува во животот.
Цели профили на Инстаграм се посветени на храната која некој ја имал за ручек и слични важни моменти, а очигледно е дека некои двојки и нивниот сексуален живот го сметаат за една од најважните работи кои мора да бидат овековечени на снимките и фотографиите, и да се споделат со другите.
Постои дури и прилика да се заработи со тоа на интернет-страниците Makelovenotporn.com.
Некои двојки во тоа очигледно уживаат, но психолозите и сексолозите предупредуваат дека сепак станува збор за еден од бројните современи случаи на „претерување со споделувањето на се и сешто“ и советуваат да се запрашаат две работи: во која мера луѓето кои им се навистина важни во животот навистина сакаат да имаат увид во овој вид на нивната интима и како сето тоа ќе изгледа кога нивните деца ќе бидат тинејџери.
Извор: Plusinfo.mk