Државната изборна комисија ќе набави 15.000 маркери за обележување на избирачите на видливо место…

34er

Истите ДИК треба да ги набави до крајот на март.

-Првпат овие избори Република Македонија ќе има нов начин на обележување на гласачите кои ќе се јават на гласањето за избор на претседател на државата. Ова видливо мастило треба да биде во вид на маркер пенкало, да остава видлив отпечаток на површината на која се нанесува, да има трајност на отпечатокот од најмалку 24 часа по нанесувањето, да не може да се избрише со алкохол, ацетон, хидроген или други средства за бришење. Мастилото да е брзосушечко, да е антиалергиско, односно да не е штетно по здравјето. Секој маркер да може да се користи за најмалку 500 гласачи, во составот на мастилото да има 20 отсто сребронитрат и боја и отпечатокот да биде со црна боја, изјави членот на ДИК Виолета Дума.

Маркерите со видливо мастило ќе се набават од странство а поради итноста и роковите за испорака, постапката ќе се спроведе со преговарање.

-На маркерот ќе го има логото на ДИК, ќе пишува на македонски јазик и на јазикот на кој зборуваат граѓаните во општините каде се повеќе од 20 отсто, и ќе има заштитен знак, како лозинка, кој ќе биде доставен само до претседателот на ДИК. – Евентуално никој да не може да направи фалсификат. Значи, заштитата ќе биде високо квалитетна, рече Дума.