Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен Претседател на Република Македонија Ѓорге Иванов ја промовираше својата изборна програма…

12666golema

Европа во Македонија и Македонија во Европа; Држава и економија кои создаваат нови работни места; Македонија, дом во кој се гради благосостојба за сите – ова се темелите на кои се базира програмата, истакна во својот говор Ѓорѓе Иванов.

Тој рече дека Македонија се движи кон НАТО и ЕУ, а доказ за тоа се петте позитивни извештаи за напредок на Македонија од Европската комисија, додавајќи дека Македонија нема да чека друг да и ја заврши работат и оти прашањето на преговорите ќе се сведело на чиста формалност.

-Нема да чекаме некој друг да ни ја заврши работата. Македонија е одговорна држава, која сериозно ги сфаќа своите обврски на евроинтеграцискиот пат. И натаму ќе ги прифаќаме конструктивните совети од нашите партнери. Но, никој не знае подобро од нас што е најдобро за нас. Способни сме и решени сме додека се движиме кон членството во Европската унија, сами да ја создаваме Европската унија во Македонија.

-Со секоја спроведена реформа, со секоја подобрена јавна услуга, ја правиме Македонија подобро место за живеење. Во наредниот период продолжуваме да работиме на истиот начин, да постигнеме преговорите да се сведат на чиста формалност, рече Иванов.

Во однос на спорот со името, Иванов истакна дека тој нема да прифати решение без претходно граѓаните да се изјасната на референдум за предлозите.