Заврш митингот на претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓе Иванов во Делчево, на кој накратко ја претстави својата програма пред делчевчани…

1795580_675942365800639_1064960151_n

Вечерва свое претставување во Делчево имаше претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорге Иванов кој со својот тим ја претстави својата програма за претстојните избори.

Навистина е чест и гордост да се биде во градот кој го носи името на Гоце Делчев, име кое не обврзува и име кое бара почит, но не е само Гоце Делчев, тука бил и Дедо Иљо Малешевски и војводата Беровски, но тука е и славното Разловци, затоа сме горди што сме денес тука, порача Иванов од Делчево.

Тој доаде дека кога економијата во една држава расте, растат и платите и субвенциите и пензиите и стипендиите.

-Останува уште многу работа, особено Делчево, на делчево му требаат нови работни места, му тербаат инвестиции, нови фабрики и погони. На Делчево му терба младите да остануваат тука, да работат и да живеат со свој труд и со свој ум. Затоа сме посветени особено на Источна Македонија, нагласи Иванов.

Тој рече дека многу од граѓаните кои од овие краишта се иселиле од Македонија би се вратиле кога би знаеле дека можат и тука добро да живеат.

1978801_675941115800764_1687827810_n

На митингот освен Иванов , говореа и Влатко Ѓорчев, Никола Тодоров, Амди Бајрам и Лилјана Поповска од ДОМ.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ  и Премиер, Никола Груевски не ги удостои делчевчани и не беше во тимот со Ѓорѓе Иванов и не им се обрати на делчевчани на вечерашниот митинг во Делчево.

После митингот во Делчево , караванот на ВМРО-ДПМНЕ продолжи со митинг во Берово.