ivanov

Актуелниот претседател Ѓорге Иванов одлучил да ја прифати иницијативата на група интелектуалци и личности од јавниот живот, кои побараа тој да влезе во трка за втор претседателски мандат.

Иако се очекува официјално одлуката Иванов само да ја соопшти во 13 часот, сепак извори од потписниците на иницијативата за државната агенција МИА откриле дека тој веќе им потврдил дека ќе го прифати предизвикот за уште една кандидатура на претстојните претседателски избори, кои ќе се одржат на 13 април.

Сепак, откако и официјано ќе ја потврди својата намера, Иванов ќе мора да помине како кандидат на партиската конвенција на ВМРО-ДПМНЕ за да добие поддршка од партијата. Таму за сега ќе му се спротивстави само професорот Јове Кекеновски.

Извор: Faktor.mk