
Македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов се уште не открива дали ќе претендира на уште еден претседателски мандат.
На неполни три месеци до претседателските избори Иванов беше воздржан пред медиумите за тоа дали ќе се амбицира и во следните пет години да биде на чело на државата.
„Има време за тоа, кога ќе дојде моментот ќе ја соопштиме одлуката, одговори македонскиот претседател Ѓорге Иванов, на прашањето за неговите намери повторно да се кандидира за претседателската функција.
“Желба ни е да ги оствариме нашите стратешки цели Македонија да биде членка на НАТО”, потенцираше притоа претседателот Иванов.
Претседателот на Македонија и Врховен командант на оружените сили Ѓорге Иванов, придружуван од началникот на Генералштабот на АРМ Горанчо Котески, во средата на 1-ви јануари традиционално ги посети припадниците на Командата за обука и доктрини на АРМ во велешката касарната „Алекса Демниевски – Бауман”.
Во 2014 посака Македонија со многи побрзо темпо да чекори кон остварување на стратешките цели – целосно евроатлантско интегрирање.
На првиот ден од новата година, претседателот како врховен кандидат традиционално е во посета на припадниците на армијата. Овој пат во Командата за обука и доктрини на АРМ што се наоѓа во велешката касарна “Алексо Демниевски Бауман“. Да им го честита празникот, да им даде и подарок и, се разбира, заедно со нив да ја вкуси војничката кујна.
Извор: Faktor.mk