
Доколку често јадете преработена храна, тогаш сигурно не добивате доволно цинк, бидејќи таквата храна содржи малку цинк и адитиви кои предизвикуваат исцрпување на овој значаен минерал од телото…
Внесот на храна врз база на соја, додатоци на железо, кравјо мелко и трици исто така ја попречува апсорпцијата на цинкот.
Цинкот можеме да го најдеме во храната како што е немасно говедско месо, риба, јаткасти плодови (ореви, лешници, бадеми), живина, житарки, овошје како банана и авокадо, зеленчук како карфиол, краставици, сладок компир и спанаќ, и немасните млечни производи. За цинкот често се вели дека е битен елемент во трагови, иако тој во основа е метал.
Мали количини на овој елемент се доволни за човековото здравје. Цинкот се користи за лекување на разни здравствени проблеми и за превенција од недостиг на цинк. Меѓу другото се користи за лекување на забавениот раст кај децата, акутна дијареја (пролив) и за бавно заздравување на раните. Помага во јакнењето на имунолошкиот систем, пружа олеснување кај вообичаената настинка и рекурентна инфекција на увото. Помага во спречување на респираторните инфекции во долниот дел на белите дробови.
Цинкот исто така се користи за лекување на зуење во ушите, АДХД или нарушување на хиперактивноста и дефицит на внимание, Кронова болест, повреда на главата, Алцхајмерова болест, пептичен улкус, дебелина и нарушување во исхраната, како анорексија. Цинкот првенствено се користи за лекување на сексуалните здравствени проблеми како што е бенигна хиперплазија на простата, еректилна дисфункција и машка неплодност. Бројот на сперматозоиди – важна карактеристика на цинкот е дека тој е одлучувачки фактор за квалитетот на спермата кај мажите.
Истражувањата утврдиле дека ниските концентрации на цинк влијаат на квалитетот на сперматозоидите. Мажите кои земале додаток на цинк ја зголемиле мобилноста и бројот на сперматозоиди.
Здравјето на простата – цинкот игра важна улога во здравјето на простата. Ниското ниво на цинк кај мажите резултира со поголем ризик од карцином на простата. Повеќето малигни состојби на простата се предизвикани од ниските нивоа на цинк.
Додатокот на цинк го намалува зголемувањето на простата во голема мерка.Цинкот го зголемува производството на тестостерон кој помага за зголемување на машкото либидо, мобилноста и бројот на сперматозоидите. Недостигот на цинк предизвикува пад на нивото на тестостерон посебно кај постарите мажи. Цинкот е многу важен за општото и за сексуалното здравје. Исхраната треба да содржи доволни количини од овој микроелемент. Протеините содржат големи количини од овој минерал, а црвеното месо е добар извор на цинк.
Мажите треба да внесуваат околу 11 мг цинк дневно.