
Верувањето дека кафето го забрзува трезнењето е голема заблуда…
Кафето по испиениот алкохол не трезни доволно за да управувате безбедно со возилото. Испивањето шолја кафе е можеби најлошата работа која можете да ја направите доколку сакате да се отрезните по консумирањето алкохол.
Верувањето дека кафето го забрзува трезнењето е голема заблуда бидејќи тоа може да доведе до донесување погрешни одлуки со катастрофални последици.
Кофеинот не влијае на нивото на алкохол во крвта, тој го намалува седативниот ефект на етанолот и нè прави побудни, но не го поправува ефектот на алкохолот на расудувањето, перцепцијата и општата проценка за она за што сме способни.
Во реалноста, пијаните лица кои ќе испијат кафе, потешко ќе утврдат дека се во алкохолизирана состојба и полесно ќе прават работи за кои нема да бидат свесни да проценат дека претставуваат ризик за нив или за другите.
Ова е особено значајно кога ќе се земе предвид дека навиката на комбинирањето алкохол со енергетски и други пијалаци кои содржат кофеин, станува сè поголема.
Извор: Plusinfo.mk