Пијалoкот со парче лимон не треба да се нарачува во кафе баровите и рестораните, е советот на група истражувачи чија студија беше објавена во американското списание „Журнал оф енвајроментал хелт стади“ …

Mojito cocktai

Научниците ја тестирале кората и пулпата во 76 лимони во 26 ресторани и во 70 отсто од анализираните примероци пронашле огромен број на бактерии.

– Лимонот е познат по своите антибактериски својства. Резултатите на студијата, меѓутоа, покажаа дека цел низ на микроорганизми можат да опстанат на кората и во внатрешноста на лимонот кога ќе се исече на парчиња”, напоменува еден од авторите на студијата.

Тој додава дека гостите во угостителските објекти мораат да бидат свесни дека парчињата лимон кои се додаваат во одредени пијалоци можат да содржат потенцијално патогени микроби.

Филип Тијерно, професор по микробиологија во еден медицински центар во Њујорк, спроведе десетина слични тестови и констатираше дека половина од анализираните парчиња лимон се контаминирани од човечки нечистотии и бактерии со потекло од дишните патишта и кожата. Одредени примероци на лимони укажувале и на присуство на кандида, габично заболување на внатрешните органи.

Извор: Plusinfo.mk