
Симптомите кои се појавуваат на почетокот на одвикнувањето од цигари се вртоглавица, депресија, чувство на фрустрација, нетрпеливост и лутина, мачнини, раздразливост. Се појавуваат и проблеми со спиењето, концентрацијата, немир, замор, зголемен апетит и поспоро отчукување на срцето…
Никотинот влегува преку устата или носот и се шири низ целиот организам, труејќи го и загадувајќи го. Влијае на срцето и крвните садови, хормоните, метаболизмот и мозокот. За време на бременост, никотинот слободно ја опфаќа и плацентата, а откриен е и во амнионската течност и крвта на папочната врвка кај новороденчињата. Различни фактори влијаат на тоа колку брзо организамот се ослободува од никотинот и неговите нуспојави.
Никотинот создава чувство на пријатност, поради што кај пушачите желбата за него се зголемува. Имајќи предвид дека нервниот систем се навикнува на никотин, пушачите ја зголемуваат дозата на цигари која ја користат. Со пасивното пушење, односно кога непушачите го вдишуваат чадот на пушачите околу себе, исто така во организмот се внесува високо ниво на никотин.
Пасивните пушачи внесуваат 3,6 милиграми, а активните 4,5 милиграми никотин од една или две испушени цигари.
Одвикнувањето од никотин е психичко и физичко. Физички, телото реагира на намалувањето никотин. Ментално и емоционално човекот се соочува со откажување од навиката, а тоа бара големи долгорочни промени во однесувањето. Симптомите од одвикнувањето обично се јавуваат по неколку часа и го достигнуваат максимумот по два-три дена кога никотинот и неговите нуспроизводи ќе го напуштат телото. Тие можат да траат неколку дена или недели.
Извор: Plusinfo.mk