
Хемијата помеѓу двајца може да биде добар предзнак дека совршено ќе си одговараат во кревет…
Можеби и можете да претпоставите кој каков љубовник е, но постојат и некои помалку забележливи знаци, кои можат да ви дадат одговор на тоа прашање.
Знаете да танцувате
Не дека оние што не танцуваат не се добри во кревет, но танцовото движење е ветувачко. Ако знаете да скокате, вртите со колковите, да се забавувате, веројатно сте такви и во кревет. Во секој случај, ќе бидете поеластични, а освен тоа ако не се срамите да танцувате додека другите ве гледаат, значи дека имате самодоверба во креветот.
Не се сомневате во сопствената сексуалност и не се оптоварувате со туѓата
Ако често во разговорот посочувате на теми со зборовите „лезбо“, „геј“, време е да „оладите“, ако знаете што сте и немате никакви сомнежи и не ве вознемирува фактот што некој друг има поинаква сексуална определба, тогаш значи дека сексуално сте сигурни што претставува потенцијал и во креветот.
Добро слушате
Некој сака да ви се довери, а вие го слушате со ширум отворени очи, сконцентрирани на разговорот, и давате повратна информација. Ако таа личност ве замоли тоа што ви го кажала да го задржите за себе, тоа и ќе го направите. А тоа применете го и во креветот. Заинтересирани сте, соработувате, следите, враќате…
Немате проблем да кажете „не“
Зборот „не“ има реално и важно значење за оние што треба да го почитуваат и тоа без исклучок. Да се каже „не“ и да не се сили на нешто што не сакате, и да знаете да го прифатите она што го сакате е посакувана особина и во кревет.
Немате потреба постојано да се фалите
Секогаш во друштвото постои макар еден фраер што се фали со своите вештини во кревет… Прашање е што од тоа е вистина, а што уверување на самиот себе како сум добар, секси, посакуван. Скромните и молчеливи типови можат да бидат вистинско откритие. Нема многу разлика и кај девојките.