Покрај реката Брегалница во центарот на Делчево врие од змии, објави  Канал 77.

zmii

И оваа година како и претходната година во Делчево се повторува ужасната слика со змиите, уште на стартот на топлото време.

Годинава првата средба со змиите ја имал делчевчанецот Захир кој секојдневно продава семки покрај грмушките во паркот.

Како ќе го реши проблемот со змиите во Делчево, засега општинскиот инспекторат нема одговор. Не се знае колку змии се кријат во паркот.