Земјотрес

zemjotres

Слаб земјотрес со интензитет од 3,6 степени според Рихтеровата скала беше почувствуван синоќа во Македонија.

Епицентарот на земјотресот бил на околу 60 километри североисточно од Скопје, на територијата на соседна Србија, но го регистрирала и Сеизмолошката опсерваторија во Скопје.

Според досегашните макросеизмички податоци, потресот во 20 часот и 17 минути бил почувствуван во североисточниот дел од територијата на Република Македонија и тоа во Куманово и Скопје со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, соопштија од Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Извор: Faktor.mk