Дека зелената салата е богата со хранливи материи, здрава и лековита како и дека е одличен сојузник на диетите, одамна се знае…

zelena-salata

Научниците, меѓутоа, неодамна ги обелодениле резултатите од истражувањето кои покажуваат дека најдобро е ако се јаде навечер, како последен оброк, само салата, без ограничувања во количината, имајќи предвид дека 100 грама салата содржи едвај 15 калории.

Препораката е листовите да ги „исцепкате“, да ги прелиете со маслиново масло и јаболков оцет, па да ставите мошне малку сол. Добро би било да ѝ додадете и иситнети ливчиња босилек и сето тоа да го измешате.

Освен што ќе ве засити, зелената салата и ќе ве смири. Вака приготвена треба да се изеде два-три часа пред спиење бидејќи содржи лактиум – состојка која дејствува смирувачки.