Со секоја купена влезница следува подарок односно најновиот студиски албум „Оган и барут“…

ZdravkoColic

Здравко Чолиќ во Македонија ќе одржи концерт на 31 мај во Скопје во салата „Борис Трајковски“ а влезниците за концертот наскоро ќе започнат да се продаваат.

Со секоја купена влезница следува подарок односно најновиот студиски албум „Оган и барут“.

На неговиот најнов албум се наоѓаат 12 песни со потпис на Бајага, Туцаковиќ, Антонија Шола но и композиции од Здравко Чолиќ.

На неговиот албум гостува и нашиот виртуоз Влатко Стефановски.