Доброто здравје и добриот секс одат рака под рака. Поради тоа, ако сакате неверојатен секс, мора да внимавате и на своето здравје. Изградете ги овие пет навики и ќе ви биде многу подобро…

h-IS-SEX-ADDICTION-REAL-960x540

Јогурт

Секојдневно конзумирајте 200 гр. нискомасен јогурт. Јогуртот ја засилува страста, па помага за полесно возбудување. Освен тоа, тој е одличен извор на протеини, го потпомага метаболизмот и е сојузник во губењето на килограмите.

Пијте доволно течности

Пијте многу вода во текот на денот. Водата го потпомага храната брзо да се вари и се губат килограмите.

Вежбајте често

Вежбањето може да делува како афродизијак, бидејќи го поттикнува излачувањето на ендорфинот. Ендорфините не само што го поттикнуваат расположението, туку го потпомагаат и производството на тестостерон, што ја зголемува сексуалната желба. Луѓето кои редовно вежбаат полесно се возбудуваат и побрзо достигнуваат оргазам отколку оние кои не вежбаат.

Сонце

Само со 20 минути сончева светлина дневно без крема за сончање предизвикува производство на пигментот меланин, кој може да го поттикне либидото.

Оставете го пушењето

Никотинот во почетокот може да ја подигне желбата, но на долги патеки ја намалува вашата способност да се возбудите.

Удоволете му на партнерот

Ако сте незадоволни со сексот, најверојатно е и вашиот партнер. Наместо да зборувате за тоа што сакате да се поправи, концентрирајте се на позитивните работи во вашиот сексуален живот.

Зборувајте во текот на сексот и дајте му знаци на вашиот партнер кога тоа го прави добро. Тоа ќе му го подигне егото. Прашајте го што сака во креветот. Ова ќе поттикне и понатамошна комуникација, па и вие ќе може да ги кажете своите желби.