Постојат многу производи кои можат да го подобрат здравјето, но постојат и здрави намирници кои можат да предизвикаат одредени здравствени проблеми…

zelena salataКомпир 

Иако секогаш не се вбројувал во здрава храна, компирот е, всушност, многу здрав. Тој содржи над 20 отсто дневна вредност на витамините Ц, Б6 и калиум. Меѓутоа, некои луѓе се чувствителни на зеленчук во кој се вбројува и компирот и кој содржи алкалоиди кои можат да влијаат на мускулите и нервните функции.

Брокули 

Овој вид зеленчук е многу здрав и се смета дека е голем заштитник од рак. За повеќето луѓе, брокулите се одличен извор на витамините Ц и К, но лицата со тероидни проблеми треба да бидат внимателни кога го јадат овој зеленчук, бидејќи може да предизвика зголемување на штитната жлезда.

Банани

Тие се голем извор на калиум и витамин Б6, но некои луѓе се алергични на нив. Симптоми на алергиската реакција се губиток на здив, пецкање во устата и оток на грлото.

Спанаќ 

Тој е богат со витамините К, А, железо и протеини. За жал спанаќот содржи и оксалати, кои се штетни за луѓето кои имаат болни бубрези.

Пилешко 

Одличен извор на протеини и витаминот Б13, меѓутоа луѓето кои страдаат од гихт треба да го ограничат консумирањето на ова и останатите меса, бидејќи содржи високо ниво на пурин.

Извор: Plusinfo.mk