Нови крводарителска акција , прва во оваа 2014 година е закажана за утре во просториите на ОО на Црвениот крст во Делчево…

Capture2

Утре со почеток во 09.30 часот  во организација на општинската организација на  „Црвен Крст“ – Делчево и институтот за трансфузиона медицина во соработка со оделението за трансфузиологија од Делчево, ќе се спроведе првата крводарителска акција во новата 2014 година во општина Делчево.

Сите хумани граѓани кои сакаат да ја подарат својата скапоцена течност, која живот значи, можат тоа да го сторат во периодот од 09.30 до 13.30 часот во просториите на општинската организација на „Црвен Крст“ во Делчево.

Повеќе за акцијата во прилогот во продолжение…

Подготви: Јулија Марковска – Стоименовска, Д1 Телевизија