Иако мобилниот телефон и бил украден уште во август минатата година, Викторија Бродски од Бруклин била шокирана кога пред неколку дена ја проверила содржината на својот „дропбокс“ – сервис кој служи за онлајн снимање на податоци.

kradec_zena

Таму таа пронашла снимка на маж и жена, за кои претпоставува дека се крадците на нејзиниот мобилен телефон, како водат љубов. Тие најверојатно не знаеле дека она што го снимаат со мобилниот, автоматски се меморира во „дропбоксот“.

Во снимката Бродски видела можност да се одмазди за кражбата и секс снимката ја објавила на интернет.

– Повеќе сакаат да се снимаат отколку што се сакаат едeн со друг. Нивниот секс е навистина здодевен, изјави Бродски за „Њујорк Дејли Њуз“.

Извор: Think.mk