Трошоците за живот во 2013 година во однос на 2012, забележаа пораст од 2,8 отсто, а цените на мало од 1,3 отсто, објави Државниот завод за статистика…

prodsvnica

Пораст на трошоците на животот има во групите „облека и обувки“ од 6,9 отсто, „хигиена и здравје“ од 4,7 проценти, „ресторани и хотели“ од 3,9 отсто, „исхрана“ од 3,6 проценти, „тутун и пијалаци“ од 3 отсто, „покуќнина“ од 1,5 отсто, „огрев и осветление “ од 1,1 отсто. Пораст има и во групите „култура и разонода“ од 0,9, „останати услуги, неспомнати на друго место“ од 0,7 отсто и „стан“ (станарина, вода и услуги) од 0,6 отсто.

Намалување има само во групата „сообраќајни средства и услуги“ и тоа за 0,8 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, пораст на цените на мало во 2013 година е забележан во групите „земјоделски производи“ од 6,4 отсто, кај „индустриско-прехранбени производи“ и „пијалаци“ од 2,7 проценти, кај „непрехранбени индустриски производи“ од 0,8 отсто и „услуги“ од 0,4 отсто.