За првпат, бројот на блокирани жиро сметки надмина 200 илјади.

blokirani_smetki

Според најновите податоци на Нaрoдната Банка, во првиот месец од годинава бројката на блокирани сметки достигна 207 086. Само за еден месец или од декември до крајот на јануари бројката е зголемена за 31 487, што претставува позначен пораст измерен во изминатиот период.

Од вкупниот број на блокирани сметки, 142 607 се сметки на физички лица, а останатите 64 479 – на фирми.

Во јануари, според НБРМ, вкупниот број на блокирани граѓани и фирми изнесувал 94 969 и во споредба со декември бројката е зголемена за речиси 13 000 илјади.

Вкупен број на блокирани депоненти: 94 969

Физички лица: 53 440

Правни лица: 41 529

Ако се направи споредба со јануари 2013 година, мерењата на Народната банка покажуваат дека во континуитет расте бројот и на блокирани жиро-сметки и на блокирани граѓани и фирми. Еве што покажуваат споредбените податоци:

Блокирани жиро сметки:

јануари 2013 година: 146 855

јануари 2014 година: 207 086

 

Блокирани граѓани и фирми:

јануари 2013 година: 70 002

јануари 2014 година: 94 969

Според овие податоци само за една година, бројката на блокирани жиро сметки се зголемила за повеќе од 60 000 додека бројот на блокирани граѓани и фирми за 25 000 ново блокирани.

Извор: Faktor.mk