Во сексот треба да уживате колку можете почесто и без грижа на совеста…

31770_shutterstock_115994308_iff1-630x325

Добар е за здравјето, позитивно влијае на самодовербата, а допринесува и за блискост меѓу партнерите. Еве што може да пробате за добриот секс оваа година да биде уште подобар.

Навикнете се на себе без облека. Луѓето често се чувствуваат непријатно кога се голи, без оглед на тоа дали се сами или пред партнерот. Не е лошо кога сте сами од време на време да поминете некое време без облека. Соблечете се и уживајте во вашето тело.

Воведете го правилото “без телефон во спалната соба”. На сите ни е потребно место за уживање. Телефоните оставете ги во дневната соба. Затворете ја вратата. Фокусирајте се на она што навистина ви е важно.

“Обрнете” ја вечерта. Прво секс а потоа одете на пијалок или вечера. Ако веќе не сте го направиле тоа, набавете огледало за спалната соба.

Признајте му на партнерот што сакате. Што не сакате. За што фантазирате. Без што не можете. Прифатете го фактот дека совршенство не постои. Ниту во животот ниту во сексот.

Забавете. Бакнувајте се како од дамана да го немате правено тоа, како утре да не постои, како штотуку да сте се заљубиле еден во друг.