
Денеска со поставување на камен-темелник на местото „Три чешми“, во штипско, започнува со изградба на новиот автопат Миладиновци-Штип…
Автопатот ќе биде долг 47 километри, широк 29 метри, ќе има по две коловзни ленти на двете страни и уште една дополнителна лента за застанување.
Целата инвестиција изнесува 206 милини евра обезбедени преку кредит од кинеската Ексим банка, со рок на отплата од 20 години, пет години грејс период и каматна стапка од 2 посто.
Автопатот ќе го гради кинеската компанија „Синохидро Корпорејшн Лимитед“, со која Владата потпиша договор во декември лани.
Со изградбата на автопатот ќе се скратат 18 километри од Скопје до Штип, а ќе се стигнува за половина час.Изградбата на автопатот се очекува да заврши за три години.