
Идната недела, поточно на 18-ти март, ќе започне продажбата на Gionee Elife S5.5, кој е најтенкиот телефон на светот. Со дебелина од само 5,5 милиметри, вашите iPhone-и или Galaxy S4-ки изгледаат како вистински „буцковци“…
Освен убавиот и тенок дизајн, телефонот исто така ви нуди и одлични перформанси. Добивате 5 инчен Super AMOLED екран на допир со FullHD резолуција (1920 x 1080 пиксели), осум-јадрен MediaTek процесор кој работи на 1,7GHz и 2GB RAM. Освен тоа, телефонот е опремен со висококвалитетна (според производителот) задна камера од 13 мегапиксели и предна камера од 5 мегапиксели.
Финално, просторот за складирање на податоци е со големина од 16 гигабајти, но можете да го проширите со MicroSD картичка до 64 гигабајти.
Gionee Elife S5.5 ќе биде првично лансиран во Кина, но производителот ветува дека ќе биде достапен во над 40 земји во светот до крајот на идниот месец. Уредот ќе чини 270 евра, што е прифатлива цена за да го поседувате најтенкиот телефон на светот!
Извор: GSM.mk