
Денеска во делчевското село Звегор започна изградбата на три нови улици кои се очекува да бидат завршени за околу два месеци…
Уличиите ќе бидат направени со бекатон плочки. Имно станува збор за поставување на улични бекатон плочки кои ќе се постават на површина од околу 3900 метри квадратни.
Целокупната инвестиција е во вкупен износ од околу 5 милиони денари. Финансиските средства за овој значаен проект се обезбедени од Владата на Република Македонија, како и од Буџетот на Општина Делчево.
Градежните работи се планираат да се завршат за околу два месеци. Проектот е дел од приоритетната листа на проекти за 2014 година утврдена во соработка со Месната заедница на с. Ѕвегор.