
Околу 20 илјади матуранти денеска и в петок полагаат испит за екстерно тестирање. Само неколку дена по стартот на новото полугодие ги очекува проверка на знаењата по два предмета.
Проверка го очекува и околу 3.000 наставници, за кои екстерното тестирање треба да покаже дали правилно оценувале. Министерството за образование објави дека до крајот на месецот ќе ја објави ранг листа на професорите чии оценки за учениците најмногу отстапувале од оние на екстерното тестирање.
Матурантите имаа можност да се подготвуваат за испитот преку прашањата во електронскиот систем на Државниот испитен центар во кој се внесени околу 60.000 можни прашања.
Тестирањето на матурантите се спроведува сега, затоа што на крајот на учебната година тие ќе полагаат уште еден испит – државната матура. Учениците од трето одделение до трета година средно, екстерно ќе бидат тестирани на крајот на учебната година.
Извор: Faktor.mk