
За голем борј луѓе тоалетнат хартија е неопходна, но блогерките Анџела Дејвис, Кетлин Квиринг и Макали Ирли, наишле замена за ова средство за хигиена…
За заштедување на парите и заштитата на животната средина тие за бришење на интимните делови на телото користат фланелски крпи и стари пелени и велат дека нивниот метод е најздрав.
– Дефинитивно е можно. Тоалетната хартија се гледа како неизбежност, но не мора да биде така, беше многу забавно да се испроба некој друг начин – изјавила Макала Ирли од Ајдахо, чиј блог носи име „The healthy honeys“ (Здрави душички).
Таа и нејзиниот сопруг веќе година дена не користат тоалетна хартија. Во поголемиот дел од случаите фланелската крпа е добро решени, единствен проблем е кога оваа двојка ќе се најде во туѓ тоалет.
– Тешко е да се носат крпи со себе, или е валкана или се наоѓа во машината за перење – изјавила Макала.
Макала и останатите блогерки со употребата на ваквите крпи си ги заштедуваат парите но ја зачувуваат и животната околина. Користењето на тоалетнат хартија доведува до уништување на шумите, а хлордиоксиодт со кој хартијата се избелува ја загадува водата.
Анџела Дејвис од Орегон и нејзиното семејството сфатиле дека нивниот избор е полезен за околината. Таа претходно за тоалетна хартија трошела 136 долари годишно, а за купување и перење на крпите одвојува по 42 долари годишно.
Кетлин Квиринг од Канада толаетната хартија ја заменила со крпи направени од пелените на нејзиното бебе.
– Ако се добри за бебето ќе бидат добри и за возрасните – изјавила Кетлин.
Покрај хартијата оваа жена се откажала и од шампоните, како дел од нејзиниот животен стил.Сепак се уште постои традиција на некористење нна тоалетна хартија во Индија, Тајланд и муслимаснките земји каде во тоалетите се користи само вода.
Извор: Plusinfo.mk