Секое новорегистрирано возило од 1 јануари задолжително треба да има налепница за извршена регистрација…

mkd2014-reg

Од почетокот на годинава, односно од 01.01. почна со примена „Правилникот за формата, содржината, квалитетот и начинот на поставување на налепница за извршена регистрација“ (Сл.Весник на Република Македонија бр.99/13).

Тоа значи дека секое новорегистрирано возило (од посочениот датум) добива налепница за извршена регистрација којашто задолжително се лепи на внатрешна или надворешна страна на возилото, со што визуелно ќе може да се утврди дека возилото е регистрирано, доколку истата има важност.

Инаку, целта на оваа новина е во насока на намалување на бројот на нерегистрирани возила кои учестваат во сообраќај на јавен пат, информира МВР.

Извор: Sky.mk