Во саботата ООУ “Ванчо Прке” беше домаќин на Интернационалниот натпревар по англиски јазик Hippo на кој  земаa учество пет училишта од Источниот регион…

Slide1

На натпреварот земаа учество на 250 ученици од пет училишта од регионот , а меѓу нив беа и нашите две основни училишта од Делчево, “Ванчо Прке” и “Св.Климент Охридски”,како и средното училиште “М.М – Брицо”.

Учениците беа поделени во пет категории кои се бореа за место меѓу најдобрите на овој интернационален натпревар , а најдобрите ќе заминат на финалниот натпревар кој ќе се одржи во месец мај во Италија.

Наставникот по англиски јазик од ООУ “Св.Климент Охридски”, Ненад Јовановски кој со ученици од истоименото училиште беше дел од овој интернационален натпревар истакна дека во Делчево по прв пат се одржува овој интернационален натпревар и учениците се распоредени во пет категории од прва до петта категорија.Исто така наставникот Јовановски истакна дека учениците се натпреваруваат секој посебно и индивидуално сам за себе добивајќи посебен тест, а за оние кои ќе бидат најдобро рангирани следува патување за Италија.

За учениците самиот претставува ново искуство и преку него ги докажуваат и прошируваат нивните знаења, надевајќи се дека ќе бидат меѓу најдобрите и ќе бидат дел од финалниот натпревар и ќе заминиат за Италија.

Резултатите се очекуваат во почетокот на април, а сите кои освоиле повеќе од половина од поените ќе добијат меѓународно признат сертификат по англиски јазик.