Секој од нас во текот на караница кажува многу работи кои навистина не ги мисли или пак нешто што го измачува подолго време…

Karanica

Дел од коментарите изговорени во афект ќе бидат брзо заборавени, но некои ниту најискреното и најдлабокото извинување не може да ги поправи. Затоа е важно да имате само-контрола и внимателно да ги избирате зборовите кои ги изговарате додека се карате. Доколку сакате да ја одржите својата врска, тогаш во текот на расправијата избегнувате ги следниве реченици.

„Не ти верувам“
Овие зборови ги изговараат жените кои се сомничави по природа. Тие стануваат параноични и се сомневаат во секој збор на партнерот, за на крај да се испостави дека сето тоа било само резултат на нивната фантазија. Вреди ли да изгубите добар партнер само поради тоа?

„Сите машки се исти“
Нека ви стане јасно еднаш засекогаш дека не се сите машки исти. Само бидејќи некој во минатото ви го скршил срцето, не значи дека не постои маж кој никогаш не би го направил истото. Ако тоа му го кажете на партнерот сред расправија, сигурно нема да остане рамнодушен и смирен.

„Не си добар во кревет“
Без разлика дали е тоа вистина или не, изговарањето на ваквата реченица на толку груб начин ќе го расипе вашиот однос. Доколку навистина сметате дека е така, променете нешто или внесете некоја новост која ќе ја разгори страста.

„Поранешниот никогаш не би направил така“
Споредбата на сегашниот и поранешниот партнер едноставно не смее да се случи. Пред да го кажете ова, сетете се дека постои многу јасна причина поради која повеќе не сте заедно со поранешниот партнер. Токму затоа, не може да биде толку совршен колку што го прикажувате во караниците. Прифатете го сегашниот партнер онаков каков што е, а не онаков каков би можел да биде.

„Мајка ти мора баш во сè да се меша“
Мајките на момчињата секогаш се мешаат во изборот на партнерка и во животот на своите синови. Во некои случаи тоа се менува со текот на времето, но кај некои тоа трае засекогаш. Доколку му ја кажете оваа реченица на партнерот кој е многу поврзан и близок со својата мајка, да знаете дека никогаш нема да ви го прости тоа. Затоа внимавајте кои зборови ги користите кога ја спомнувате неговата мајка.