Најновите истражувања покажаа дека сексуалните фантазии главно не ги исполнуваат очекувањата на жената, а поради тоа сè поголем број на дами се насочуваат кон нормалниот секс…

sagi_bridged_600x450

Секс игрите се многу позабавни во теорија отколку во практика. Многу жени кои помеѓу своите четири ѕидови се обиделе да реализираат некои од фантазиите, признале дека се разочарале и дека е многу поубаво кога ќе се замислат, отколку кога ќе се прават некои работи во креветот.

Тоталната опсесија за сексуалните фантазии кај припадничките од понежниот пол нагло пораснала кога целиот свет беше зафатен од грозницата наречена „50 Shades of Grey“. Прочуената еротска книга инспирираше многу жени да испробаат најразлични работи во креветот, меѓутоа впечатоците не биле задоволувачки.

Популаризацијата на користењето на секси играчките како камшици, вибратори и лисици после овој роман пораснала за 80 проценти, но сепак се чини дека жените се подготвена да се откажат од нив.

Имено, истражувањата на шведската компанија „Лело“ покажаа дека припадничките на понежниот пол не се задоволни со она што го искусиле и сфатиле дека класичниот секс е сепак најдобар.

„Играта на доминација во креветот често звучат подобро во фантазијата отколку што тоа е така во реалноста затоа што на голем број на жени за постигнување на оргазам им е потребно чувство на сигурност и емотивна поврзаност“ – објасни д-р. Џастин Лемијер, кој ја проучува психологијата на човековата сексуалност.