
Обемот на задникот на Американката Сара Масеј изнесува неверојатни 213 сантиметри и поради тоа оваа жена, која тежи цели 203 килограми, мора странично да влегува низ вратите. Таа поради својата тежина досега скршила неколку столици и една WC шолја…
Американката Сара Месе, која има 33 години, живее во Чикаго и е тешка 203 килограми, тврди дека обемот на нејзиниот задник е цели 213 сантиметри. Сара носи гардероба со големина од 10 XL и вели дека секојдневните активности ѝ претставуваат голема тешкотија, а во една прилика и ја скршила WC шолјата кога седнала на неа.
Таа не може да си најде гардероба затоа што за горниот дел носи 7 XL, а за долниот дел од телото ѝ треба 10 XL. Таа е мајка на две деца и вели дека месечно на гардероба троши околу 650 долари.
Таа, иако си го сака својот задник, сепак би сакала да биде помал затоа што со тешкотии влегува во автомобил, а и низ вратите мора да поминува странично. Таа за својата тежина прима „инвалиднина“ од 1.250 долари.
Сара истакнува дека поради својата тежина секој ден добива негативни коментари, но порано тоа ја погодувало, а сега таа оди со високо крената глава и не обраќа внимание на коментарите.
Сара сепак започнала со вежбање за да ја намали својата тежина, а неодамна снимила и фотографии за да покаже дека не се срами од своето тело и сака да ги охрабри и другите со сличен проблем да не се срамат од своите тела и јавно да ја покажат својата убавина.